Патот до успехот не е лесен. Но со истрајност, упорност, многу откажувања и пред се’ љубов може да се успее. Таков е примерот со АРС НОВА и нејзиниот творец Сашко Георгиески.
По борбата за докажување и наоѓање место под сонцето, доаѓа периодот на авангардата, невиденото, новото и актуелното.
Молскавично, благодарение на Сашко модата преку АРС НОВА од светските метрополи стигнуваше и стигнува брзо во Охрид.
Во неговото уметничко студио – во кое убавината е на пиедесталот поминале и оставиле трага и го препорачале на останатите знајни и незнајни девојки и момчиња од Охрид и цела Македонија.
Во АРС НОВА услуга побарале и на високо професионално ниво ја добиле десеттици и десеттици естрадни уметници, актери и луѓе од јавниот живот од Охрид, регионот, Македонија и Балканот.
Секако ќе ги препознаете: Калиопи , Тоше, Биба Додева, Билјана Дебарлиева, Васил Зафирчев, Есма, Каролина, Дадар, Весна Бејби и ред други…
На социјалните мрежи сопственикот на АРС НОВА Сашко Георгиевски напиша:
Драга моја АРС НОВА,
Како да беше вчера… 03.03 1999 год. Барајќи се во животот те создадов тебе – АРС НОВА. Беше и ќе останеш моја НОВА уметност.
Со тебе созреав, творев, цврсто чекорев, живеев… и ќе живеам.
Ти си мојата муза и фантазија. Ти си мојот Париз. Направи идеали и оригинали. Создаде бренд.
Низ твоите златни порти излегоа стотици задоволни лица. Останаа верни како љубовта да е создадена само за нас.
Заедно го срушивме табу ѕидот и направивме широк пат кон модата и светот со стил….
Ќе живееме така барем уште 20, ти ветувам!!!
Благодарен на сите драги пријатели мои, а најмногу на моите најсакани, си знаете кои… ќе речам и овој пат:
Убавината не е случајна!!!
Je t’aime…
Со љубов,
Сашко Арс Нова
Посакуваме брендот АРС НОВА да доживее уште два пати по 20 а зошто и да не да се предаде умешноста и чувството за уметност во секој поглед и на генерациите што ќе дојда.
Фотографии: Приватна архива, АРС НОВА
Публицитет.мк