Акцијашите од Охрид несебично помагаат на терен во поплавените подрачја на Скопје.
На нивниот повик се одзваа и нивни пријатели од соседните држави кои на времето заеднички ја градеа поранешната заедничка држава.
Зоран Стевоски од охридскиот „Брег на младоста“ деновиве изјави:
– Добредојдени се сите кои се во можност да помогнат во надминувањето на последиците од катастрофалната поплава.
Во битката со стихијата покрај волонтери од Македонија ќе ни се приклучат и акцијаши-волонтери од Србија, Словенија, БиХ и Црна Гора. Не е време за емоции, солзи и сожалување. Време е за солидарност, за хуманост и за акција.
Овој повик е се’уште актуелен, а споделените фотографии на Фејсбук доволно сведочат со какво невреме се бореле жителите во погодените подрачја од поплавите.
Публицитет.мк