Во Галерија Робевци вечерва во 20 часот ќе се отвори изложбата на скулптури од Васе Урдин.
Изложбата содржи дела – скулптури изработени во дрво од орев и експонати од применетата уметност. Урдин е роден во Струмица (1935), галерист, еден од членовите на уметничкото семејство Урдин.
Негови дела се изложувани во Македонија и во странство помеѓу кои се издвојуваат самостојните изложби во Минхен и Кобленц, Германија. Добитник е на два златни медали на Интернационални изложби на мебел.
Публицитет.мк