• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Охридско лето ја потпиша Которската иницијатива – Четири регионални фестивали се дел од неа

август 27, 2015
in Култура

 

Вчера во црквата  Св.Дух  во Котор, Црна Гора, на  иницијатива на меѓународниот фестивал  КоторАрт беше  потпишана Которската  иницијатива,  Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали:  Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и  Охридско лето (Македонија).  Спогодбата  ја потпишат  Ратимир Мартиновиќ (директор на  которАрт  Дон Бранкови денови на музика и  координатор на  сите програми на КоторАрт),  Младен Тарбук (интендант на Дубровничките летни игри), Дарко Брлек (директор на фестивалот Љубљана и претседател на  Европската асоцијација на фестивали) и Елизабета  Јанкуловска (директорка на Охридско лето).

Целта на потпишувањето на меморандумот Которска иницијатива е  остварување на подобар дијалог и интензивирање на соработката помеѓу фестивалите , како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички.

На потпишувањето на спогодбата присуствуваа и министерот за култура на Република  Црна Гора Павле Горановиќ, министерот за култура на Република Хрватска Берислав Шипуш и секретарот на  Директоратот за  творештво при Министерството за култура на Република Словенија др. Матјаж Шекорања, кој со своето присуство даде силна поддршка на поврзувањето на репрезентативните фестивали, и  плодна регионална размена и соработка во областа на културата.

Хрватскиот министер Шипуш потенцира дека ваквиот чекор е од особено значење за Црна Гора и Македонија како држави кои се приближуваат кон Европската Унија со оглед на тоа што Хрватска и Словенија се веќе дел од ова семејство.

По потпишувањето на Которската иницијатива, директорите, министрите и претставниците на четирите држави присуствуваа  на  концертот  на Хрватскиот барокен ансамбл и Симфонискиот оркестар на Хрватската радиотелевизија на плоштадот Св.Влах на  свеченото затворање на  66. Дубровнички летни игри.

-Секој од овие уметнички фестивали потсетува на она што е веќе Европа.  Европа е култура – културата е Европа. Сите овие фестивали , сите наши земји кои вечерва се тука сведочат на фактот дека културата е дел од нас, на секоја нација но и дел од Европа како и дека Европа сама по себе е култура. Европа треба да ја покаже својата култура и во најтешките ситуации па и во овие сега политички кризни, рече Шипуш.

И црногорскиот министер го истакна значењето на потпишувањето на Которската иницијатива. Според него оваа иницијатива се гледа и како можност да се презентира црногорската културна понуда во соседните земји.

-Посебно ме радува што оваа иницијатива потекнува од Котор, град кој симболизира соживот и дијалог. Очекуваме од сите потписници на Которската иницијатива во иднина да работат на зајакнување на соработката и потикнувањето на другите културни субјекти да спроведат една ваква иницијатива, потенцира  Горановиќ.

– За нас овој Меморандум е многу важен затоа што Дубровник се кандидира за Европска престолнина на културата 2020. Многу се важни ваквите конкретни активности за една таква кандидатура, а не само добро спакувани планови , за да му се случи евроипска култура на Дубровник, ),  рече Младен Тарбук, интендант на Дубровничките летни игри.

Извор: Охридско лето 

Публицитет.мк 

Посетеност: 152
Share
Previous Post

Во пресрет на Охридскиот маратон, професионалните пливачи свесни за еколошките предизвици на езерото

Next Post

Студентски семестар во комунистичката утопија

Next Post

Студентски семестар во комунистичката утопија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 152

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk