• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Во пресрет на Охридскиот маратон, професионалните пливачи свесни за еколошките предизвици на езерото

август 27, 2015
in Аргументи за

Очекувајќи го годинешниот, 29-ти Охридски пливачки мартон, не случајно се наметна и прашањето на квалитетот на водата вo Охридското Eзеро и неговата иднина, како и иднината на маратонот. Загриженоста стана поголема рано годинава со предложените измени на Урбанистичкиот план на Охрид, како и неколку други урбанистички проекти за кои јавноста веќе добро знае. Охрид SOS, уште оттогаш неуморно повикува на внимание за опасноста што му се заканува на езерото и поширокиот еко-систем доколу истите се реализираат. Една од директните последици од градежните, а еколошки опасните подвизи околу и во езерото, меѓу другото е и постепена, но сигурна деградација на квалитетот на водата. А тоа е средината неопходна за пливање, основен предуслов за професионалните пливачи на отворени води. Во тој контекст, алармирањето на Охрид ЅОЅ не остана неслушнато од оние директно инволвираните.

Заложбите за заштита на езерото ја добија поддршката од едни од најдобрите маратонски  пливачи во светот, а отворено својот став го изрази и нашиот Евгениј Поп Ацев, двапати второрангиран на светската листа на пливачи на отворени води и фаворит за победник на овогодинешниот маратон. Тој рече: „Заштитата на Охридското Езеро е битна за мојот спорт зашто пливачите сакаат да пливаат во чиста вода, тоа ја прави трката поубава, а исто така би останала трка во најубави услови и вода во целиот свет. Мислам дека сите пливачи би се сложиле со тоа.“

Покрај него, поддршка дојде токму и од победникот на минатогодишниот Охридски маратон и двоен олимпиец, Белгијанецот Брајан Рајкеман; Канаѓанецот Завие Дешарне, моментално второ-рангиран во светот, потоа Германецот Александер Стуѕински, двапати второпласиран на Охридскиот маратон; Аргентинецот Дамиен Блаум, поранешен ФИНА гранд-при шамион, олимпиец и повеќекратен учесник на Охридскиот маратон, како и поранешната ФИНА гранд-при шампионка и победничка на Охрискиот маратон во 2007, Шпанката Естер Нунез, и Мексиканката Заира Карденас. Сите, со споделување на Петицијата на Охрид ЅОЅ преку своите твитер профили се вклучија кон информирање на светската јавност и ширење на повикот за ургентноста и неопходноста за заштита на Охридското Езеро.

Иако не толку изненадени од нивната позитивна реакцијата, сепак, Охрид ЅОЅ им изразува огромна јавна благодарност за нивниот анагажман. Со тоа, маратонците влегоа во друштвото на преку 200 светски и домашни експерти и илјадници други поддржувачи на мисијата за бескомпромисна гаранција за заштита на езерото.

Со почит,

Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид SOS

 

Објавените текстови  во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Посетеност: 156
Share
Previous Post

„Охридска софра“ во Скребатно

Next Post

Охридско лето ја потпиша Которската иницијатива – Четири регионални фестивали се дел од неа

Next Post

Охридско лето ја потпиша Которската иницијатива - Четири регионални фестивали се дел од неа

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 156

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk