Охридско лето се приклучува во акцијата за помош на загрозените од поплавите.
Средствата од продадените билети од двата концерти, Вечер на ЕУ со пијанистката Нина Костова и Хеншел гудачки кварте од Германија и настапот на Државен камерен оркестар “Академија за солисти” со виолинистот Ајман Мусакајајева од Казахстан и мексиканскиот диригент Хуан Карлос Ломонако , кои се на програмата на 12-ти и 14-ти овој месец, ќе бидат наменети за настраданите во поплавите.
Охридско лето изразува длабоко сочувство до блиските на сите починати во невремето кое погоди одделни подрачја на градот Скопје . Иако загубата не може да се надомести длабоко жалиме за настраданите и штетите во поплавените подрачја.
Цената на билетите за двата концерти, кои ќе се одржат во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот, изнесува 300 денари.
Публицитет.мк