Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Карло Ромео, доби спомен – плакета од директорката на фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, како признание за блиската соработка и поддршка што Амбасадата во текот на последните години ја даде на овој голем и исклучително важен фестивал, како и за вреднувањето на италијанската и македонската култура.
Во тековната година, и покрај тешкотиите предизвикани од пандемијата, фестивалот „Охридско лето“ одбележа 6 децении од своето постоење. Фестивалските настани беа одржани со максимално почитување на задолжителните здравствени протоколи што ги наметна коронавирусот, како од страна на организаторите, така и од страна на уметниците и публиката.
-Најдобри желби до фестивалот „Охридско лето“ за сè поголеми успеси, напишаа од Италијанската амбасада во земјава.
Публицитет.мк