
Стопанската комора на Македонија, му додели Специјално признание на охриѓанецот Ѓоко Танасоски кој до неодамна ја извршуваше функцијата директор на Царинската управа на Република Северна Македонија.
Признанието му се доделува на Танасоски за посебен придонес во унапредување на меѓусебната соработка, а по повод одбележувањето 99 години од постоењето коморското организирање и работење во државава.
-Ми преставува особена чест и задоволство што во рамки на одбележувањето на 99 години од своето постоење, Стопанската комора на Македонија, ми го додели Специјалното признание за посебен придонес во унапредување на меѓусебната соработка, што ја остваривме во изминативе три и пол години. Искрено се надевам дека овој модел на институционална соработка и давање меѓусебна поддршка ќе продолжи и во иднина, истакна Танасоски.
Публицитет.мк







