
Поради ограниченоста од КОВИД вирусот, оваа година ЦКА-ПХВ програмата се имплементира преку 40 онлајн работилници наменети за млади.
Со овие работилници волонтерите имаат шанса амбициозно да работат на своите комуникациски, организациски и ораторски вештини, како и да се проучат себеси преку теми како: „Личен менаџмент на време“, „Грижа за себе“, „Комуникација и јавно говорење“…
Работилниците се оддржуваат секој четврток и на нив учествуваат преку 150 млади од целата држава, во кои и волонтерите на нашиот Клуб на млади при Црвен Крст Охрид, а се едуцирани од страна на искусни инструктори.
Публицитет.мк







