Традиционално една минута по полноќ со собир пред Општинскиот Комитет беше означен почетокот на предизборната кампања за локалните избори на 15 октомври.
Заедно сплотени, единствени, мотивирани, со овации, песни и аплаузи, со весел и ведар како и насмевка на лицата, членовите и симпатизерите на партијата најавија голема победа уште во првиот круг.
Пред големиот број присутни граѓани се обратија претседателот на ОК и носител на советничката листа д-р Кирил Пецаков, актуелниот градоначалник д-р Никола Бакрачески и кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски.
На крајот беше упатена покана до сите граѓани за почетнииот голем митинг со почеток во 19:00 на Градскиот Плоштад „Св. Климент Охридски“, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
Публицитет.мк