Во текот на последните 20 години е забележан драматичен пораст на екстремните временски случувања кои одземаат големи човечки и економски данок ширум светот и се на пат и натаму да се шират, соопштија Обединетите нации.
Азија, е најзагрозена и најмногу погодена.
Најголем број катастрофални случувања од 2000 до 2019 година се забележани во Кина-577 и во Соединетите Американски држави-467, а потоа следуваат Индија-321, Филипини-304 и Индонезија-278, соопштија ОН во извештајот објавен по повод Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи.
Во Азија се наоѓаат осум од 10-те најпогодени земји во светот, пренесоа светските агенции.
Во светот се евидентирани околу 7 348 големи катастрофи кои однеле 1,23 милиони животи, погодиле 4,2 милијарди луѓе, предизвикале 2,97 милијарди долари економска штета во текот на изминатите две децении.
Публицитет.мк