ООУ „ Григор Прличев„ Охрид е номинирано за АМБАСАДОР училиште во проектот ProSocialValues (Просоцијално учење или учење со емпатија) во рамки на Erazmus+ KA2 програма на Европска Унија.
Поектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија) е проект поддржан и финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија.
Фокусот на проектните активности е насочен кон подобрување на комуникацијата, развивање емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците и пошироката заедница и локална средина.
-Во рамки на проектот Pro Social Values во училиштето ,,Григор Прличев,, од Охрид, беа реализирани повеќе училишни активности насочени кон промоција на просоцијалните вредности во која учествуваа над 50 ученици од VIII одделение и 5 наставници од предметна настава. Координатор на проектот и имплелентатор на проектните активности беше наставничката по информатика Марина Танасоска. Како резултат на успешно спроведените проектни активности од Проектот Pro Social Values, нашето училиште е номинирано за амбасадор училиште за периодот септември 2020 – септември 2024, како директен учесник и имплементатор на проектните активности на проектот Robotics vs Bullynig, во рамки на Erazmus+ KA2 програма на Европска Унија, информираат од ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.
Публицитет.мк