ООУ ” Григор Прличев” Охрид заедно со детето Правобранител во училиштето во нова едукативна кампања : #СедиДомаИУживајСи
ООУ “Григор Прличев” Охрид постојано работи на тоа на иновативни начини да го зачува вниманието на учениците и родителите и да ги задржи дома. Штотуку започна нивната нова едукативна кампања: #СедиДомаУживајСи на официјалната фејсбук страница на училиштето:
Во оваа кампања детето Правобранител Матеа Стоев креира дневни видеа со слики од нејзини претходни прошетки низ Охрид и ги запознава на тој начин сите ученици со убавините на градот. Нејзино мото е : Да ги научиме сега од дома за подоцна да ги знаеме надвор убавините на нашиот Охрид.
Се’ уште е во тек и нивната прва едукативна кампања : #СедиСиДома и биди #Cool и учи си во која наставниците на официјалната фејсбук страница на училиштето им постираат материјали за работа на учениците поделени по генерации- секој ден една генерација.
За возврат пак, ученици заедно со своите родители постираат видеа во кои презентираат најразлични активности што може да се прават седејќи дома.
За возврат пак, ученици заедно со своите родители постираат видеа во кои презентираат најразлични активности што може да се прават седејќи дома.
ООУ “Григор Прличев” Охрид со своја активна wordpress. платформа работи од многу одамна :
https://daucimezaedno.wordpress.com/за-наставата/
Оваа платформа изобилува со содржини од областа на информатиката.
https://daucimezaedno.wordpress.com/за-наставата/
Оваа платформа изобилува со содржини од областа на информатиката.
Публицитет.мк