Јавната здравствена установа Општа болница Охрид со низа мерки превенира против ширењето на корона вирусот којшто се појави и на територијата на нашата држава.
Од оваа установа бараат матичните лекари да ги намалат упатите кон болницата со тријажа кон итните случаи, да се намалат упатите за користење хронична терапија и лабораториските упати, како и упатите за дијагностика кои не се од итност.
Од болницата апелираат да се ограничи бројот на пациенти во амбулантите кои чекаат со приоритетни упати освен во случаи на крајна итност, да се почитува закажаниот термин, како и да нема придружници со пациентите.
Се одложуваат здравствените интервенции кои не се итни.
Пациентите ќе пополнуваат изјави дали патувале во ризичните земји каде има корона вирус.
Од ЈЗУ Општа болница информираат дека пред секоја амбуланта има средства за дезинфекција на раце кои се задолжителни за пациентите што влегуваат во амбулантите. Оттаму апелираат, пациентите со кашлица, кивање и други симптоми на грип да се консултираат телефонски со матичниот лекар и да постапат според неговите упатства.
Публицитет.мк