Компанијата Ајакс, независен производител на Тојота од Уругвај има одлична идеја. Имено, компанијата сака нивните електрични автомобили да произведуваат звук кој им помага на растенијата во градските средини да растат подобро.
На овој начин, не само што ќе се реши непредвидливиот проблем со безбедноста на електричните возила, туку и ќе се направи нешто подобро за животната средина.
Како што светот ја забрзува својата борба против климатските промени, така станува се појасно дека во блиска иднина, електричните автомобили ќе бидат напојувани од обновливи извори на енергија и во целост ќе ги заменат стандардните возила кои имаат мотори со внатрешно согорување.
Покрај тоа што ќе емитуваат помалку гасови со ефект на стаклена градина, употребата на електрични автомобили целосно ќе ги елиминира и останатитете видови загадувања кои излегуваат од ауспусите.
Со тоа, не само што ќе се заштити животната средина, туку ќе има и помалку бучавост. Причина за тоа е што електричниот мотор произведува многу мала бучавост, дури и помала од бучавоста на лап-топ компјутер.
Публицитет.мк