Општина Охрид го распиша конкурсот за наградата „Св. Климент Охридски“ за 2016 година. Наградата патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Со наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за општината, придонесуваат за развојот на градот и негова афирмација.
Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Конкурсот трае до 20 ноември.
Извор: www.meta.mk