• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

„Фемина 8“ – Приказ на жената низ различни временски периоди, простори и контексти

ноември 2, 2016
in Култура

Во организација на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ)  утре  (четврток), во Центарот за современа уметност  на Црна Гора, Галерија Центар во Подгорица, ќе биде отворена изложбата „Фемина 8“. На изложбата со свои уметнички записи ќе се претстават: Трујкановиќ, Паскали, Кировска, Вренцовска, Милованчев, Томиќ Радеска, Петрушевска и Манева – Чупоска.

Приклучувајќи се кон современите уметнички тенденции, „Фемина 8“ е насочена кон различните форми на презентација: традиционални поставки со слики, колажи, цртежи, асемблажи, инсталации, редимејд, видеа. Преку уметничките продукции во различни форми и идентитети, од класично – традиционалните ликовни истражувања до новите медиуми и технологии, ќе биде прикажана една „Фемина“, со иманентна променливост низ различни временски периоди и контексти.

„Ликовните искуствени и уметникови записи во оваа изложба се екстремно емотивни и сугерираат дефинирани лични одговори, прашања, состојби, дилеми, но сугерираат и поставени одговори и прашања кои наметнуваат нови состојби, дилеми и чувства. Начинот на кој се дефинираат самите себе, авторите на оваа изложба, упатува на автореферентност,  сопствено уметничко делување, наметнувајќи суштински прашања и одговори, поврзани со „Фемина“. Проблематизирајќи не само на формално, туку и на ликовно-феноменолошко-онтолошко ниво, тие создадоа нови простори со различен, специфичен израз и идентиет. Уметникот како творец на артифициелното го „запечатува“ своето авторство, но само ако тоа е „убедливо“ во своето постоење. Изложбата „Фемина 8“ има високо артифициелна содржина која креира ликовно-уметнички печат со „убедлива“ временска рамка и простор.“ – изјави М-р Јана Манева – Чупоска.

Публицитет.мк 

Посетеност: 86
Share
Previous Post

Општина Охрид го распиша кoнкурсот за наградaта „Св. Климент Охридски“

Next Post

„Фемина 8“ – Приказ на жената низ различни временски периоди, простори и контексти

Next Post

АЛПОЈО - Охрид: Употребувајте ким и сусам - здрави се! (1)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 86

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk