
Општина Охрид и Црвениот крст од Охрид продолжуват со помош на ранливите категории граѓани во овој период кога владее пандемијата на корона вирусот.
-Имајќи ги предвид препораките за заштита и за превенција од корона вирусот Ковид 19, охридскиот Црвен крст во соработка со Општина Охрид, со своите мобилни тимови за поддршка на постари и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица со попреченост и самохрани родители на деца на предучилишна возраст, во текот на изминатите две недели опслужи 40 домаќинства (некои домаќинства и во повеќе наврати) со набавка на потребни намирници, лекарства и слични потреби. Исто така на 120 социјално загрозени семејства им беа доделени хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена, информира градонначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Опремен со соодветна заштита, тимот се упатува на локацијата по претходен повик, по што се врши набавката и се доставува на домашна адреса. Самите граѓани си ги обезбедуваат средствата за потребните намирници. Освен за набавка на намирници за домашни потреби, се врши и набавка на лекови, препишување на рецепти кај матичен лекар и слични такви неопходни работи како што се на пример уплати во банка или плаќање на сметки.
Мобилните тимови се активни секој ден (вклучително и во викенд). Граѓаните на кои им е потребна поддршка од овие тимови, можат да стапат во контакт со Црвен крст Охрид од 8 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:
046 261 909
070 315 309
13 112
За неодложни/итни потреби, граѓаните можат да се јават на 13 112 и по 16 часот.
Извор: Официјална ФБ страница на градоначалникот Георгиески







