• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

СВР Охрид: Нема собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди

април 2, 2020
in Актуелно
СВР Охрид: Нема  собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна.

Изминатово деноноќие,  во периодот од 07 часот на 01.04 до 07 часот на 02.04.2020 година, четири лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. 

Нема  собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Извршени се 61 контроли на евидентираните лица со решение за изолација (Охрид-49, Струга-8, Кичево-4). Истовремено, евидентирани се 20 нови лица во самоизолација (Дебар-5 и Струга-15) и спроведени се 286 контроли врз лицата во самоизолација (Охрид-31, Струга-116, Кичево-02 и Дебар-137). Полициските службеници извршија 107 контроли на угостителски објекти.

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, Во рамките на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива процесот на извлекување на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација а денеска, од Дебар ќе биде извршен спровод на две лица. На терен, без проблем се одвиваат активностите кон лицата што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација. Евидентирани се пет нови лица во самоизолација и спроведени се 137 контроли врз лицата во самоизолација.

Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21.00 до 05.00 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Извор:СВР Охрид

Посетеност: 84
Share
Previous Post

Нови 30 случаи позитивни на КОВИД- 19

Next Post

Општина Охрид и Црвен крст со мобилни тимови на терен

Next Post
Општина Охрид и Црвен крст  со мобилни тимови на терен

Општина Охрид и Црвен крст со мобилни тимови на терен

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 84

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk