Претставници на ВМРО – Народна партија од Охрид вчера го одбележаа ослободувањето на Охрид од како што стои во соопштението српската окупација. Со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето во Велгошти беше одбележана годишнината од Охридското востание.
За жал, и оваа година, овој чин беше игнориран од страна на Локалната самоуправа. Општина Охрид како да го заборави овој важен и значаен датум за градот. И покрај најавите изминатите година на секретарот Спасески дека местото околу спомен обележјето ќе биде уредено, се уште нема ништо од сето тоа.
Покрај претставниците на ВМРО – Народна партија, на чинот присуствуваа единствено претставници на ограноците од Охрид и Кичево на Здружението за Македонско – Бугарско пријателство, се вели во соопштението од ВМРО – НП – Охрид.
Публицитет.мк