Списанието за деца е најново издание на издвачката куќа ЕДУКА МАК и денеска – вторник во Велес треба да биде промовирано и да биде презентиран во јавноста првиот број.
Списанието ќе излегува еднаш месечно (септември – јуни),и е одобрено за употреба во установите за деца со решение од Министерот за труд и социјална политика на РМ и претставува своевидно дидактичко средство за реализација на програмските цели, вели Ели Маказлиева од ЕДУКА МАК.
Според неа содржините во списанието ја следат програмата за рано учење и развој и се компатибилни со возраста на детето и стандардите за рано учење и развој во Република Македонија, кои се меѓусебно синхронизирани и интегрирани како значајна основа во процесот на развојот на детето од предучилишна возраст. Во секоја рубрика од списанието, преку подржување на холистичкиот пристап како единствен во развојот на стандардите и примена на најновите практики во детските градинки, постои комплементарна поврзаност и меѓусебна условеност на петте домени од развојот (Физичко здравје и моторен развој, Социоемоционален развој, Развој на пристап кон учење, Развој на јазикот, описменување и комуникација и Когнитивен развој и стекнување на општи знаења), што значи прогресот во еден домен влијае на развојот на другиот, додава Маказлиева.
Без сомнение „Супер Смешка“ ќе биде интересно и барано списание за најмладите во Македонија.






