• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 25, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Публицитет

Ординација „Д-р Сашо Стоев“ – Цели 10 години во служба на насмевките

јуни 4, 2016
in Публицитет

Вчеравечер во хотелот „Милениум“ во присуство на бројни соработници, колеги и пријтели стоматолошката ординација на доктор Сашо Стоев од Охрид ја одбележа првата декада од постоењето. Гала вечерта беше збогатена со духот на уметноста – уметноста во стоматологијата , сликарството, музиката.

Која е и што претставува стоматолошката ординација „Д-р Стоев“  во Охрид и регионални рамки?

Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“ е приватна здравствена установа основана во јуни 2006 година од страна на д-р Сашо Стоев , дипломиран стоматолог на Стоматолошки Факултет во Скопје. Тој својот животен пат го насочува во Охрид , со себе носејќи ги љубовта и ентузијазмот кон својата професија кои му даваат недвосмислена сигурност дека ќе успее да остави белег во она што го работи.

stoev 7

Посветеноста , професионалноста и ентузијазмот се негови главни одлики кои несебично ги пренесува на секој свој пациент . Дел од неговиот тим се и Д-р Кристина Стојаноска Алоска – стоматолог и Влатко Петрески забен асистент. Целта на нивната работа како тим е секојдневно да влијаат на подигнување на свеста за грижата за оралното здравје. Примарна цел е укажување и едукација за важноста на превентивата при одржување на оптималното здравје на забите. Затоа, секогаш се подготвени да Ви дадат совет и препорака како најдобро да ја одржувате хигиената на забите , со тоа грижејќи се не само да имате естетски убава насмевка , туку да се грижите за Вашето зравје во целост . Пријатната , современа и релаксирана работна атмосфера на која ќе наидете при посета на стоматолошка ординација ‘’Д-р Сашо Стоев’’ , со сигурност придонесува стравот од стоматолог да стане минато.

stoev 1

Како што и самите знаат да кажат : Грижата за оралното здравје е одраз на културата на секој еден човек . Таа култра се развива од мали нозе , а се негува цел живот. Затоа Стоматолошка Ординација ‘’Д-р Сашо Стоев’’ низ годините наназад има одлична соработка со градинките во градот , несебично посветувајќи време за едукација на дечињата како правилно да се грижат за оралното здравје. Оваа година тоа беше направено на посебен , креативен начин кој привлече особено внимание кај дечињата. Имено , тимот доктори изработија ‘’ Насмеана Боенка ‘’ , како подарок за секое дете присутно на едукативните посети , како и видео сликовница наречена ‘’Книга за убави навики ‘’каде нараторот преку слики им раскажува на дечињата кои здрави навики треба да ги применуваат за да се грижат за своето здравје.Како дел од оваа активност беше организиран и ликовен конкурс под наслов‘’ Насмеано запче ‘’ , за кој дечињата од градинките имаа подготвено преку 100 цртежи . Изборот на преубави цртежи беше огромен, па затоа организаторот одлучи наместо првопланираните 3 , да бидат наградени 5 детски цртежи . Наградите во име на децата ги прими Роза Костеска, директорка на градинките во Охрид.

stoev roza copy

Стоматолошка ординација’’ Д-р Сашо Стоев’’ , оваа јубилејна година , посебен акцент стави на уметноста , иницирајќи бројни настани и активности поврзани со различни уметности кои заедно ги обедини под слоганот’Smile is an Art too‘’   ‘’И насмевката е уметност‘’.

 stoev milco

Одбележувањето на 10 годишниот јубулеј го започнува со соработката со реномираниот канадски уметник Мајкл Клос . За неговото дело и соработката со Стоматолошка ординација ‘’Д-р Сашо Стоев ‘’ говореше Милчо Јованоски , новинар и сопственик на Публицитет .мк .

Публицитет.мк во целост ви го пренесува обраќањето на д-р Стоев пред соработниците, гостите, колегите и пријателите. 

saso

-Можеби 10 години не се многу , но за мене имаат многу големо значење. Тоа се години на презентација , на адаптација, на вложување во себе , на професионална посветеност , на себе афирмација како меѓу пациентите така и меѓу почитуваните колеги . Години исполнети со богати професионални искуства кои ја одредија вистинската насока за реализација на мојот сон , а тоа е создавање на ординација во која насмевката ќе ја претвориме во уметност .

Бројните задоволни пациенти , изградената колегијалност со моите ценети колегите во Охрид , соработката со голем број поединци , фирми и институции кои се секогаш подготвени да погледнат подалеку , да ја препознаат големината во идеите кои заеднички ги реализираме , за мене се доказ , но и мотив повеќе да продолжам да ја вложувам својата енергија и своето професионално знаење во она што го работам, а кога нешто работите со срце , невозможно е да не ја почувствувате позитивната енергија која Ви се враќа , рече д-р Стоев и продолжи:  Вечерва сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од првата деценија на нашата успешна приказна . Благодарност до нашите ценети пациенти кои ни ја подарија својата доверба и лојалност , до Црвен Крст Охрид со кои заедничи организиравме хуманитарни акции и предавања на различни теми од областа на стоматологијата.

stoev 3

Благодарност до Емил и Сандра – – Love and Life Studio  – за секоја направена фотографија . Наскоро ќе имате можност да го видите и најновиот проект на кој заеднички работиме , а со кој се потрудивме преку прекрасната насмевка создадена во нашата ординација и генијалноста во фотографиите на Love end Live  Студио да оставиме наш белег во најубавиот ден од животот на идните младенци.

stoev tabla

Благодарност до медиумите кои ја следат и информираат за Стоматолошка Ординација Д-р Сашо Стоев од самиот нејзин почеток.

Особена благодарност до г-дин Мајкл Клос . Убаво е чувството кога професионалната соработка ќе прерасне во искрено пријателство за кое далечината не претставува никаква пречка. Чест и задоволство ни е што негови уметнички дела се дел од амбиентот на нашата ординација.

stoev pesna

На крај , благодарност до семејството од кое ја црпам целата позитивна енергија и ја добивам најголемата поддршка.

stoev dragan copy

Да се создаде беспрекорна насмевка , навистина е уметност . Затоа , овој наш јубилеј сакавме да го заокружиме така што и самите ќе бидеме алка која ќе спои повеќе уметности :

Јубилејната година ја започнавме со ликовната уметност претставена преку делата на г -дин Мајкл Клос како заштитно лице на нашата ординација , ја презентиравме и преку фотографијата низ објективот на Лове анд Лифе Студио , преку пишаниот збор , ако во него може да се вбројат нашата книга за убави навики и боенката со практични совети за добро здравје, а јубилејот ќе го крунисаме со музичката уметност.

 

     pesna copy       stoev koktel

Водени од желбата овој наш десет годишен јубилеј да го обележиме на еден оригинален начин, создадовме мало парче музика кое ја отсликува моќта на насмевката како емоција . Благодарност до Боби Мојсоски кој како пријател на нашата ординација прифати да ја испее песната , благодарност благодарност до Мартин Милески охридскиот генијалец за гитара , благодарност до Димче Китрозоски за прекрасниот аранжман и секако до сопругата Марија која ја иницираше оваа идеја , а воедно е и тестописец на песната. Го поканувам Боби Мојсоски премиерно да ја испее песната. Уживајте во вечерта и не заборавајте да се насмевнете , бидејќи насмевката одлично Ви стои, рече- д-р Стоев. 

Публицитет.мк 

 

 

Посетеност: 80
Share
Previous Post

Државната матура без проблеми

Next Post

Јубилеј- Година на есејот- Медитеранска Академија по десетти пат го спојува светот

Next Post

Јубилеј- Година на есејот- Медитеранска Академија по десетти пат го спојува светот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 80

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk