Чистењето на забниот камен и пескарењето спаѓаат во неинвазивни и безболни методи за одржување на хигиената на забите,а воедно и на целата усна шуплина.
Факт е дека забните наслаги секојдневно се создаваат и проблем настанува ако тие наслаги не се отстранат навреме.Наслагите се наталожуваат во слоеви и претставуваат опасност како за забите така и за непцата.
Која е разликата помеѓу денталниот плак и забниот камен
Денталниот плак претставува наслаги на бактерии кои во услови на влажна и топла средина се размножуваат и кои се наталожуваат на забите неколку часа по миењето на забите.Нивното наталожување доведува до оштетување на емајлот на забот,но и воспаление на гингивата.
Забниот камен претставува тврда наслага на забот која доведува до оштетување на забот и промена на неговата боја,бидејќи бактериите произведуваат јака киселина, а воедно врши и механичка траума на гингивата што доведува до нејзино повлекување према коренот на забот и го остава вратот на забот незаштитен при што доаѓа до појава на кариес.
Што да се направи кога ќе се појави забниот камен
При појавата на забен камен или дентален плак треба да се обратите кај Вашиот стоматолог за да го отстрани истиот и да го спречи дејството на киселините,односно бактериите,на забите и гингивата.Најчест симптом дека имате забен камен или наслаги се непријатен мирис од устата и крварење на непцата.
Чистењето на забниот камен и меките наслаги спаѓа во конзервативна метода,односно превенција за зачувување на забите и гингивата.Чистењето претставува безболен третман за кој не е потребна анестезија и се врши со инструменти кои прво ги размекнуваат,а потоа и ги отстрануваат наслагите на забот.
Потребно е да се нагласи дека ако не се отстрани забниот камен,истиот може да доведе до оштетување на гингивата и до губење на забите.
Пескарење
Пескарењето претставува неинвазивна метода и се врши со специјален апарат, кој исфрла вода и прашок под притисок, со кој се отстрануваат дамките на забите кои се настанати од кафе,цигари,црно вино и други обоени пијалоци.
Задолжително е д а после секоја интервенција на чистење забен камен и дентален плак и пескарење се изврши полирање на забите со специјална паста.Така ќе се намали ризикот за повторно појавување на забни наслаги.
Стварањето на забниот камен може да се држи под контрола само со редовни посети кај Вашиот стоматолог.
За повеќе информации обратетет се во Стоматолошка ординација ‘’Д-р Сашо Стоев’’
Пишува
Д-р Сашо Стоев
Стоматолошка ординација ‘’Д-р Сашо Стоев’’
Ул.Никола Карев,бб ТЦ Трудбеник
070-307-262 /070-452-100
Публицитет.мк