Самиот збор естетика упатува на наука за уметноста која се бави со убавото, го дефинира , диференцира и ги поставува критериумите за убавото и она што е помалkу убаво.
Како се развивал погледот кон естетиката , така таа почнала да зазема свое место во сите сегменти на човековото живеење , вклучувајќи ја тука и стоматологијата која иако првенствено е ориентирана кон одржување на оралното здравје , ни малку не смее да го занемари естетскиот момент во интервенциите , па така естетиката денес прогресира до развој на сосема засебна стоматолошка гранка наречена естетска стоматологија.
Според современите гледишта , естетиката во стоматологијата подразбира природен изглед . Порано , за идеален изглед се сметал оној каде се забележуваат блескаво бели и крупни заби , додека според денешните сфаќања , издеален изглед на забалото подразбира изглед кој ќе е складен со комплетната физиономоја на лицето , компатибилен со тенот , со телесната градба на пациентот итн.Токму затоа , естетската стоматологија не е гранка која треба да постигне имитација на холивудска насмевка , туку далеку покомплексна гранка која опфаќа комплетна анализа на изгледот на секој пациент засебно и креирање насмевка која целосно ќе се вклопи во неговата физиономија. Така на пример, лица кои се атлетски градени треба да имаат крупни заби со нагласени контури и краеви , за разлика од лицата кои се со послаба градба кај кои повеќе одговараат ситни заби со нежни краеви и контури. Исто така , формата , големината и положбата на забите треба да обезбедат правилен тонус на мускулите на усните и образите и да се во склад со изгледот на лицето . Она што е особено важно да се истакне е дека не смееме да дозволиме да се наруши функционалноста на сметка на естетиката, бидејќи забите не треба да ја претставуваат само убавата насмевка , туку треба и беспрекорно да ја вршат функцијата за која служат.
Благодарение на современите материјали и технологии , денес не е тешко да се реализира комплетно естетската стоматологија без разлика за каков вид интервенција се работи ,односно дали е тоа пломбирање , поставување коронки или мостови и сл.
За повеќе информации во врска со естетската стоматологија обартете се во Стоматолошка ординација “Д-р Сашо Стоев’’ , ул.‘’Никола Карев бб ‘’, ТЦ Трудбеник , Охрид.
Тел . 070-307-262 070-452-100
Д-р Сашо Стоев Д-р Кристина С. Алоска
Пишува
Д-р Сашо Стоев
www.drsasostoev.com