
Леонид Тодороски, ученик во осмо одделение во Општинското Основно училиште „Григор Прличев“ –Охрид стана државен првак по предметот математика за осмо одделение.
Големиот успех, Тодороски го постигна под менторство на неговиот наставник Александар Ангелевски на 46-от Државен натпревар по математика за учениците од основно образование што се одржа неодамна.

Позади младиот охриѓанец Леонид Тодороски стојат бројни награди и успеси освоени на општинските, регионалните и државните натпревари.
Публицитет.мк







