Настани во автомобилизмот кои ја одбележаа 2016-та година!
Во пресрет на наближувањето на крајот на годината како и на божиќните празници, традиционално веќе по трети пат правиме ретроспектива на сите настани од 2016-та година, настани кои го одбележаа автомобилизмот..
Затоа ќе започнеме прво со новитетите во светскиот автомобилизам. Имено сведоци сме во текот на последните неколку години каде што автомобилскиот свет со огромна брзина напредува и се развива, драстично се изменуваат концептите и се развиваат автомобилите во нов правец. Таков е и првиот кросовер на Jaguar кој беше претставен оваа година, I-Pace кој не само што е првиот кросовер модел на овој бренд туку и првиот модел кој ќе биде целосно електричен што е сосема нов новитет за овој бренд Всушност овој модел на Jaguar е само еден од серија на најавите од голем број компании кои се приклучуваат кон борбата против загадувањето, но за нив допрва ќе зборуваме. Сега кога сме и кај новитетите, несмееме да ги заборавиме и првите теренци на Seat – Ateca, Skoda Kodiaq, Jaguar F-Pace, Alfa Romeo Stelvio и Bentley Bentayga – модели кои пробудија голем интерес кај ентузијастите..
Но не се само овие новитети, всушност конечно оваа година беше претставена и пуштена во производство замената на Veyron – Bugatti Chiron со 4 турбо полначи 8,0 литарски мотор и 1500 коњски сили! Автомобил кој долг период ќе биде желба на голем број ентузијасти, но исто така беше пуштена во продажба и новата генерација на спортската верзија на Focus наFord Focus RS со 345 коњски сили, а секако со него беше претставена и првата европска верзија на легендарниот американски моделFord Mustang.
– Македонски автомобилизам! Што се однесува до македонскиот автомобилизам, оваа година и кај нас беше прилично возбудлива и интересна. Поточно оваа година ќе биде запаметена кога македонците за прв пат се запознаа со финалниот производ на идеата на Славче Таневски – за првпат можевме да се запознаеме со првиот македонски теренец Mercedes-Benz GLC Coupe! Исто така оваа година ќе можеме да ја запомниме како година во која за прв пат имавме македонски учесник на познатиот кружен шампионат ETCC – на кој настапи двократниот шампион Игор Стефановски Иџе. Секако како и секоја година така и оваа се реализираа огромен број на собири и настани организирани од авто клубовите, дури она што ни е уште подраго е тоа што овие настани од година во година се помасовни, поуспешни и поквалитетни, но настан кој ќе биде и тоа како запаметен е тркачката дружба на 13-ти ноември по повод традиционалната трка на Водно која со децении се одржуваше до пред некоја година по повод ослободувањето на град Скопје – но не е потребно да објаснуваме во каква состојба ни е авто-мото спортот во нашата држава, а и зошто толку многу луѓе се појавија на овој настан од каде што испратија огромна порака – ДА СЕ ВРАТИ АВТО-МОТО СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА!
Лично за нас Rpm.mk ова можеби и ни е година која долго ќе ја паметиме, имено уживавме да присуствуваме на сите настани во Македонија, да ги пренесеме сите интересни и возбудливи вести ширум светот, но она по што особено ќе ја паметиме оваа година е реализација на нашиот долго планирам и посакуван план – нашата емисија! Како што и самите веќе знаете пред само две недели ја објавивме нашата прва епизода од емисиите#ВозимеАлтернативи, а новата епизода од категоријата #Возиме ви ја најавуваме веќе од наредната недела, затоа останете со нас бидејќи ве очекуваат многу поинтересни работи..
Извор: www.rpm.mk