Културно уметничкото друштво „Отекс фолк“ од Охрид деновиве на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „ Лерон“ во Пула , Хрватска ја освои првата награда за најдобар настап.
„ Шампионската титула „Лерон“ за најдобар сценски настап кој ги обединува носиите, кореографијата, народните инструменти и музичката изведба на раководителот на фолклорното друштво „Отекс- фолк“ од Македонија му го предаде Ливио Белци, претседател на Заедницата на Италијанците , Водњан, “ пишуваат хрватските медиуми.
На фестивалот во Водњан со 16 годишна традиција годинава настапија девет ансамбли со околу 250 играорци и музичари од Хрватска, Италија, Македонија и Австрија.
Еве линк со избор на фотографии за да ви го доловиме амбиентот на фестивалот. Тоа е само еден напис од повеќето кои се појавија во овој дел од Хрватска.
http://ipress.rtl.hr/gradovi-i-opcine/vodnjan/foto-qleronq-za-kraj-ljeta-i-pocetak-jeseni-46225.html
М.Јованоски, Публицитет.мк