Летото не се предава- коктелите и натаму добредојдени. Во АЛПОЈО – Охрид има речиси се’ за да ги подготвите. Наздравје!
Ги има многу – алкохолни, овошни, етаблирани, шминкерски… Коктелите биле и останеле пиење на оние што сакаат побогати вкусови
Леден ананас
Потребни состојки: 50 г ананас од конзерва, 50 г ликер „трипл сец“,2 лажици шеќер, 1 лажица здробен мраз.
Исечкајте го ананасот, додајте здробен мраз, ликер и шеќер. Изматете добро (подобро е да го направите тоа во шејкер). Пожелно е коктелот да се послужи веднаш, добро разладен.
Асторија
Потребни состојки: 80 мл млеко, 2 лажици сок од ананас, 2 лажици лимонов сок, 1 лажица инстант-кафе, 2 лажици здробен лед.
Сите состојки мешајте ги со најголема брзина 30 секунди. Послужете го коктелот во соодветни чаши и декорирајте со чоколадни трошки.
Мултивитаминска напивка
Потребни состојки:1 л мултивитамински сок, 1 грејпфрут и 50 мл сируп од малини.
Исцедете го грејпфрутот, потоа додајте ги сокот и сирупот од малини. Сите состојки добро измешајте ги во бокал, а потоа треба добро да се излади.
Коктел со банана
Потребни состојки:100 мл млеко, половина банана, половина излупено јаболко, 2 половини праска од компот, 1 лажица цветен мед и 2 лажици здробен мраз.
Исечкајте ги бананите, јаболката и праските, ставете ги во електричен миксер и додадете ги млекото, ледот и медот. Откако ќе го изматите сето тоа, послужете го во чаша и украсете со парчиња свежо овошје.
Блоу Џоб
Потребни состојки – калуа, белис, вотка и слатка павлака.
Во мала и ниска чаша ставете ги сите течности во еднаков размер, а на врвот слатка павлака. Овој коктел се пие на интересен начин – без раце, значи со устата треба да се опфати цела чаша, а главата да се отфрли наназад.
Бурбон фернас
Потребни состојки: 1,80 дл топла јаболкова ракија, три каранфилчиња, едно стапче цимет и 0,5 дл бурбон.
Наточете ја јаболковата ракија и бурбонот во чаша, додадете го циметот и послужете го коктелот веднаш.
Блади Мери
Потребни состојки: 1/5 вотка, 4/5 сок од домати, 1 мл сок од лимон, 1 мл Ворчестер, сол, црн пипер и малку шеќер.
Шејкерот за коктели наполнете го со мраз и во него ставете ги сите течни состојки. Откако сето тоа добро ќе го измешате, додадете ги зачините. Ставете ја содржината во висока чаша и украсете го коктелот со парчиња лимон.
Консом ројал
Потребни состојки: 30 мл домашна супа од риба, 45 мл шери бренди, црн пипер.
Стоплете ја супата, но не дозволувајте да зоврие. Ставете ја во керамичка шолја, додадете шери бренди и пипер по желба.
Пунч од јајца
Потребни состојки: шест јајца, одвоено белки и жолчки, 170 мл лесен рум, 170 мл „Џим бим“, 480 мл слатка павлака, 2 литри млеко, 240 мг шеќер и мускатно оревче (мелено).
Пред да почнете да го приготвувате овој коктел, добро разладете ги сите пијалаци од рецептот. Изматете ги белките и тргнете ја смесата настрана.
Жолчките ставете ги во голем сад (за да ги собере сите состојки), додадете го шеќерот и павлаката и матете ги се’ додека смесата не стане како крем. Додајте го румот, потоа и потребното количество „Џим бим“, матете уште една минута, а потоа додадете го и млекото и повторно матете ја смесата. Додадете ја слатката павлака, а потоа и белките и матете многу лесно, се’ додека белките не се изедначат со другите состојки. Послужете во шолји и попрскајте го коктелот со мускатно оревче. Украсете со листови од свеж ментол.
Тајас
Потребни состојки: 30 мл тајас,150 мл топла јаболкова ракија, матена слатка павлака, цимет, мускатно оревче, стапчиња цимет.
Загрејте ја јаболковата ракија, додадете од ликерот Тѕаце
и украсете го со матена павлака, цимет и мускатно оревче. Додајте ги и стапчињата цимет за декорација.
Ирско кафе
Потребни состојки: 45 мл ирско виски,15 мг кафеав шеќер, 180 мл топло кафе и матена павлака.
Мешајте ги вискито, шеќерот и кафето се’ додека не се стопат состојките. Одозгора ставете павлака и послужете го пијалакот во шолја или во висока чаша.
Пеперминт пети
Потребни состојки: 30 мл ликер од ментол, 180 мл топло чоколадо и матена павлака.
Приготвување:
Во чаша за коњак ставете ги топлото чоколадо и ликерот. Потоа, сето тоа измешајте го и покријте го со павлака.
Мандаринско изгрејсонце
Потребни состојки: 45 мл „апсолут“ од мандарина, 45 мл сок од портокал, исцеден сок од рибизла, гренадин и тркалезно парче портокал.
Во висока чаша ставете ја вотката, заедно со сокот и коцките мраз. На работ на чашата украсете со тркалце портокал.
Лимон мартини
Потребни состојки: 1 чаша мартини, 1 лажица шеќер, 240 мл кршен мраз и 90 мл „апсолут“ вотка од цитрон , 30 мл ликер од лимон, 4 кафени лажички природен сок од лимон и 1 резанка лимон.
Шеќерот се истура во чинија. Рабовите на чашата се влажнат со лимон, а потоа се прпелкаат во шеќерот. Во шеќерот се ставаат мразот, вотката, ликерот, сокот од лимон и се мешаат околу 10 секунди.
Пијалакот се става во чашата и се украсува со разанка лимон.
Рум со ананас
Потребни состојки: 90 мл. бел рум, 2 парчиња конзервиран или свеж ананас, и 6 коцки мраз.
Сите состојки се ставаат во блендер. По неколку секунди миксирање се сервираат во чаша за мартини, која се украсува со тркалезно парче ананас.
Менхетен
Потребни состојки: 20 г вермут, 70 г виски, 1 лажица битер лемон, неколку коцки мраз, 1 мараскино од вишни, кора од портокал.
Во висока чаша турете ги вермутот, вискито, мразот и битер лемонот и измешајте. Во изладената чаша со коктел додадете го мараскиното од вишни. Работ на чашата премачкајте го со кора од портокал.
Маргарита
Потребно е: 3 дл текила, 3 дл ликер од портокал, 2 дл сок од лимон, сол и мраз.
Во шејкерот ставете искршен мраз, потоа додадете текила, ликер и сок од лимон; добро протресете го и ставете го во чаша.
Декорација: работ на чашата е широк, премачкајте го со лимон, ставете го во сол за да се задржи на чашата. Одлично одговара со зачинета храна
Милениум
Потребни состојки: 2,5 дл вотка, 2,5 дл сок од јагода, 2,5 дл сок од портокал и 1 дл шампањ.
Подготовка: во шејкерот ставете ги сите состојки освен шампањот, добро промешајте, потоа истурете го коктелот во интересна чаша и полека додавајте шампањ.
Декорација: земете цел портокал и со ножот исечете тенок слој кора, па заврзете го како панделка за подарок, дел од портокалот ставете го на работ од чашата, а делот од кората нека виси надвор.
Белини
Потребни состојки: 2 дл ликер од праски, 4дл сок од праски, 1дл шампањ или пенливо вино.
Подготовка: сите состојки ставете ги во чаша од шампањ, а потоа два пати промешајте.
Декорација: дел од праската или некое кандирано овошје на стапче ќе изгледа слатко, а најефектно е ако на работ од чашата ставите само лист од ананас.
Чоколат кис мартини
Потребни состојки: 30 мл вотка „вигор“ со вкус на праска, 20 мл ликер од праска и 10 мл ликер од чоколадо.
Сите состојки ги миксираме, а коктелот го служиме во чаша за мартини. Врвот на чашата го декорираме со прстен од чоколадо, и на крај, како главна декорација додаваме една јагода.
Мартини „кранбери“
Потребни состојки: 20 мл вотка „вигор“, 10 мл сув вермут, 20 мл сок од дренки 10 мл сок од лимон
Сите состојки ги протресуваме во шејкер со мраз и го служиме во чаша за мартини.
Јелоу лејди
Потребни состојки: 20 мл ликер од „пешн фрут“, 10 мл џин, 10 мл ликер „трипл сек“ , 10 мл сок од зелен лимон, 20 мл сок од ананас, 10 мл, бендето битер и сода.
Сите состојки, освен содата, ги протресуваме во шејкер, на крај дополнуваме со сода и го декорираме со парче ананас.
Моја Валентина
Потребни состојки: 10 мл вотка „апсолут“ со вкус на праска, 10 мл вотка „апсолут“ со вкус на ванила, 10 мл кафе со вкус на ванила, 10 мл ликер од бело чоколадо и 10 мл ликер „чамборд“ со вкус на малина.
Сите состојки ги протресуваме, го служиме во чаша за мартини, го декорираме со чоколадни стапчиња и чоколадни топчиња или трошки.
Ромео и Јулија
Потребни состојки: 20 мл текила „силвер“ ,10 мл „Гранд марниер“,10 мл ликер од малина и 10 мл сок од праска.
Сите состојки ги протресуваме во шејкер со мраз, го декорираме со марачино – цреши и спирала од портокал.
Публицитет.мк