Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и Animal World од Струга во соопштение до медиумите објавија дека на езерското крајбрежје во струшкото село Радожда е најден лебед, кој најверојатно е отруен. Покрај лебедот, според нив отруени се и уште неколку мачки и куче.
-После расфрланиот отров за бездомни животинки (во кој настрадаа и миленици нечии, иако тоа не менува многу нешто кога во прашање е смрт на живо битие), жртва е и овој лебед. На сликата се прикажани само лебедот и една од мачињата. Покрај нив отруени се уште три мачки и едно куче.
![leb ra](images/leb_ra.jpg)
Лебедот денес душа испуштил на приватна плажа, тетеравејќи се доаѓајќи од истото место каде што беа затруени и другиве мили души. Дали знаете кои злодела ги правите, нарушувајќи ги тековите на природата? Дали знаете дека казната (ако не законска) ќе стигне во друга форма? Затоа што вашите дела се огледало на вашата душа. А душа полна со мрачнина не може да привлече ништо друго освен мрачнина околу себе. И ние ќе продолжиме да се бориме потполно да се забрани продажбата на отрови. За да ги заштитиме најневините, соопштуваат од Здруженијата за заштита на животните од Охрид и Струга.
Публицитет.мк