Д- р Елизабета Шелева е родена во Охрид (1961 г.) Таа е редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Претседавач е на здружението Независните писатели на Македонија и уредничка на книжевното списане „Наше писмо“. Членка на македонскиот ПЕН центар. Долгогодишна уредничка на регионалното списание за литература и култура „Sarajevske sveske”, кое излегува во Сараево (БИХ).
Директорка на летната школа „Македонскиот културен идентитет“, при „Свети Климентовиот летен универзитет“, одржана во Охрид, 2011 г.
Професорка на курсот „Балканскиот субјет и неговите родови“, при Охридскиот летен универзитет за пост-дипломци, одржан во Охрид, 2001 г.
И ова интервју е дел од проектот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ посветен на Роднокрајните критичари и вусшност е негово прво појавување – претставување во јавноста – етерот.
Со д-р Шелева за компаративата во книжевноста , за нејзините корени, идеи како во вистински уметнички центар да заживее Охрид разговараше Милчо Јованоски.
Публицитет.мк