На 1 август (сабота),Државниот Архив на Република Македонија под раководство на директорот Д-р Филип Петровски ја организира манифестацијата „Отворен ден на Архивите“.
Манифестацијата „Отворен ден на Архивите“ ќе се организира и во Подрачното Одделение на ДАРМ во градот Охрид по повод националниот празник 2-ри август „Денот на Републиката“. Преку ваквата манифестација архивот на градот Охрид предводен од раководителот Славица Јанковска има за цел на јавноста да и ја презентира историјата на македонскиот народ низ најстарите и најрепрезентативни документи кои ги поседува и се чуваат во депото на aрхивот на град Охрид.
Покрај документацијата која ќе биде изложена преку изложбена поставка посетителите ќе имаат можност да се запознаат со архивската дејност и активностите на архивските работници. Манифестацијата е од отворен карактер,започнува од 18 часот и ќе трае до 22 часот во просториите на Државниот Архив на РМ – Подрачно Одделение Охрид, се вели во сопопштението од оваа институција, упатено до медиумите.
Публицитет.мк