• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

„ТАНГО КОМПАС“ СПОЈ НА КЛАСИЧНАТА МУЗИКА И ЏЕЗОТ, УТРЕВЕЧЕР НА АНТИЧКИОТ ТЕАТАР НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

јули 31, 2015
in Култура

 

„Охридско лето“ и оваа година покрај класичната програма нуди и неколку програмски содржини предвидени за пошироката фестивалска публика, концерти што се атракција и ексклузивитет.

 

Токму таков е проектот „Танго Компас“, со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и хармоникашот Марко Хатлак, што утревечер ќе биде изведен на Античкиот театар во Охрид.

 

Како што појасни селекторката на музиќката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифовска – Неделковска, проектот „Танго Компас“ изобилува со музички набој, пресек на танго музиката на старите мајстори како Пјацола, се до модерни автори што создавале дела за овој ансамбл.

  • Овој проект ќе понуди многу енергија, страст, врвни интерпретација, сето за големо уживање на фестивалската публика. И како најголем ексклузивитет на целито овој проект е тоа што маестро Стефан Миленковиќ ќе можеме да го видиме и како врвен танчер, рече таа.

Миленковиќ истакна дека му недостасуваат зборови за да го изрази задоволството што е повторно во Охрид, дел од фестивалот „Охридско лето“.

  • Едни од најраните и најубавите спомени ме врзуваат за Охрид,. Уште како дете од некои осум, девет години, после моите настапи тука секогаш останувавме уште неколку денови на одмор. Звукот на брановите, овие планини,  мирисот на скарата, вкусната пастрмка, се до прекрасните луѓе, сето тоа останало некако засекогаш во моето сеќавање така што моето доаѓање тука претставува некако дел од мојот живот, враќање во детството, рече меѓу другото Миленковиќ.

Тој забележа дека неговото долгогодишно присуство тука убаво, но претставува и одговорност, што подобро да се претстави пред овдешната публика.

  • Овој проект е една нашата страст, нешто што ги комбинира нашите професии и животи, нашите животи инвидуално, но истовремено ги комбинира и нашите страсти во група…А истовремено настапувањето во група да остави простор за истражувања, да не е лимитирано и да не е стопроцентно традиционално изведувано. Некакво наше видување на Тангото, како спој на енергија, страст, игра,  рече тој.

Словенечкиот хармоникаш Хатлак од своја страна рече дека „Танго Компас“ претставува спој на врвни уметници, солисти.

  • Тука сакавме да го споиме џезот и класичната музика, а Тангото не е ниту едното ниту другото, туку нешто помеѓу, притоа со доволно простор за импровизации. На репертоарот ќе бидат дела на стари мајстори, се до оригинални наши композиции, очекувам дека публиката добро тоа ќе го прифати, рече Хатлак.

Овој проект „Танго Компас“ е дел од сите позначајни музички фестивали од типот на „Охридско лето“ во регионот и пошироко. 

Извор: „Охридско лето“ 

Посетеност: 148
Share
Previous Post

„Отворен ден на архивите“ – утре и во Охрид

Next Post

Вероника Мона Богиќ со концерт во родниот град на нејзината мајка

Next Post

Вероника Мона Богиќ со концерт во родниот град на нејзината мајка

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 148

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk