Освежената спортска верзија на Focus ќе произведува 150/180 коњски сили.
Ford ја најави премиерата за новиот модел на Ford Focus Sport која ќе се одржи во Есен, Германија. Станува збор за спортски модел на Focus, но не така екстремен како познатиот ST.
Всушност Focus Sport ќе биде понуден во две нијанси на боја и тоа во Race Red и Panther Black, а додека целосниот надворешен дизајн со сите мали промени ќе наликува како поспортската верзија ST, а ќе се разликува од стандардната верзија. Поточно ќе бидат поставени нови дифузери, нова предна маска, сончев кров, контрасни ретровизори и 18 инчни тркала.
Што се однесува до моторите, Focus Sport ќе биде понуден во две верзии од 1,5 литарскиот Ecoboost мотор кој ќе произведува 150 и 180 коњски сили, додека љубителите на дизел моторите ќе имаат на располаѓање 2,0 литарски TDCi мотор кој ќе произведува 150 коњски сили.
Цената за овој модел на Ford Focus ќе се движи од 25,000 евра..
Извор: rpm.mk