Наш соговорник во новото издание од аудио серијалот „Мојот живот,мојот свет“ е познатата Илина Арсова.
Таа е првата Македонка која го искачи Монт Еверест. Илина е на пат да ја заокружи и бројката од седум искачени, највисоки врвови на светот.
Со неа зборувавме отворено за алпинизмот,екстремните спортови, адреналинот кога си високо во планините, за тоа дали постои страв и од што кога и на што размислува додека се качува по врвовите?
Има посебен простор за Илина уметничката душа, за нејзиниот хостел во Лагадин, за постојаната борба да се заштити природата и за ред други нешта. Дружбата и интервјуто од некаде час иполовина ни мина за миг.
Илина Арсова, со сопствените ставови за животот, овој петок по 23 часот на „Публицитет.мк“