Зимата се’ уште календарски не е дојдена,а на Галичица падна првиот снег.
Нашата редовна читателка – пасионираниот фотограф Ема Кушевска од својата секојдневна перспектива во Елен Камен го „фати“ првиот, нов снег во својот објектив.
Како што ни рече фотките се правени во два периоди од денов во 14 и во 16 часот.
Галичица е навистина убаввица, вистински украс на природата. Не се знае дали езерото ја надполнува таа слика или пак обратното.
Уживајте, особено Вие кои не се плашите од студот, а ја сакате уметничката фотографија.
Фото: Ема Кушевска
Публицитет. мк