• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Пановски: „Заштитата на Охридското Езеро да стане национален приоритет“

јули 29, 2015
in Аргументи за

Финалниот извештај реално го отсликува функционирањето на колекторот

 Овие денови во нашиот свет на екологијата и заштитата на животната средина и пред се Охридското Езеро, екстремно актуелна беше презентацијата на финалниот извештај за состојбата и подобрувањето на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска   страна, кој извештај е сработен после 3 годишна работа со јапонски експерти и консултанти ангажирани преку Јапонската агенција за соработка ЈИЦА .

Како човек кој од првиот ден и првата мисија е дел од овие активности сакам да го изразам своето мислење околу овој проект. Имено , во ситуација кога колекторскиот систем околу Охридското Езеро на македонска страна е веќе стар повеќе од 30 години неопходно е да почне сериозно да се бара решение за негова рехабилитација и подобрување на функционирањето. Впрочем суштината на зачувувањето на квалитетот а водите во езерото е токму во одведувањето и третманот на отпадните пред се фекални води како познат извор на загадување. Видливо е дека досегашното функционирањето на овој систем значително ја подобри еколошката состојба на езерото, го забави неговото стареење (еутрофикацијата) и го донесе квалитетот на водите на високо ниво потврдено и со категоризацијата на водите согласно ЕУ директивата за води. Но, истражувањата на јапонските експерти потпомогнати со нашите стручни лица од Проаква и нискоградба , кое почна веднаш по воспоставениот Договор меѓу Владите на Македонија и Јапонија за помош во еколошка заштита , покажа дека колекторскиот систем е веќе сериозно ранлив и дека е време за сериозен пристап кон негова рехабилитација.

op

После три години работа, состаноци , одговарање на прашалници , споделување информации, теренска работа, ин ситу испитувања на состојбата на цевките , низа преговори со преставници на ЈИЦА и јапонската амбасада, дојдовме до Финален извештај кој ја отсликува реалната слика на системот. Идентификувани се главните проблеми кои преставуваат најсериозен предизвик а тоа се инфилтрација на води во системот, пукнатини во цевките, навлезени корења, изместени спојки, диви приклучувања ,наталожен отпад во самите цевки и други нарушувања. Ова од друга страна го покажува нашиот вистински однос кон системот и кон Езерото. Лично ,верувам во квалитетот на ова истражување затоа што го знам пристапот и посветеноста во работата , знам дека се влегуваше и снимаше речиси во секоја шахта, се одговараа сите дилеми низ еден транспарентен процес и дека сите политички нивоа едногласно застана зад потребата од рехабилитација на системот.

Добрата страна на овој студиозен извештај и на тригодишното работење е што во него веќе се понудени прецизни излезни решенија и утврдени се приоритетни мерки.Затоа овој извештај и студија ги сметам како исклучително важен документ каков ретко досега сме го имале и кој јасно кажува што треба да направиме за да ја сочуваме состојбата на езерото. Покрај генералната рамка за реконструкција која е придведено дека би траела 20 тина години,во него јасно се опишано итните мерки кои мора да се завршат во релативно краток период, ургентно во наредните 5-7 години. Јасно е утврдено дека решенијата кои бро мора да се спроведат се состојат во внатрешна рехабилитација на канализациониот систем и тоа преку тнр.СПР метода. Оваа метода на обвивање на внатрешноста на цевките со ПВЦ материјал а притоа без копање на улици туку само со влегување од шахта до шахта е најприфатлив пристап за туристички град како Охрид и би обезбедила долгорочно функционирање на системот без поголеми проблеми. Тоа го видовме на лице место во Токио и сигурен сум дека би можело да се имплементира и кај нас. Останатите приоритети се изградба на резервоар за преливните води во Воска каде е најкритична состојбата при високи води за што веќе е утврдена и локација и димензии на резервоарот, потоа рехабилитација на пумпни станици кои не функционираат како што се оние во Елен Камен и Калишта па и онаа на Сатеска и секако чистење на самата канализациона мрежа и инсталација на систем за оптимално работење.

Имајќи во предвид дека еколошката димензија на овој проект е завршена со овој извештај ( знаеме што треба да се направи) преостанува во наредниот период да се спроведат преговори на највисоко ниво околу имплементационите и финансиските капацитети. Мислам дека и на централно ниво (во Мин.за финансии и МЖСПП) постојат административни капацитети за имплементација на ваков проект кој заедно со капацитетите на Проаква би можеле да го понесат товарот за имплементација на еден ваковј голем проект. Проаква всушност би била корисникот на средствата со кои ќе се спроведе рехабилитацијата и со кои ќе се обезбеди оперативност и одржување на системот. Но да се дојде до имплементација на проектот сега е потребно е да се испреговара помеѓу двете Влади за карактерот на заемот и за тоа кој би ја имал обрската за враќање на истиот. Приоритетните активности за рехабилитација и поправка на 31 км од примарниот колектор , за изградба на резервоарот во Воска, за реновирање на пумпни станици , чистење и инсталирање систем се проценети на 23 мил.евра . Потоа со други средства и програми би се учествувало и во довршувањето на системот со изградба на мини пречистителни станици во Трпејца, Љубаништа т.е онаму каде заради конфигурација на теренот е тешко изводлива градба на колекторски систем. Тоа би била всушност првата фаза која би траела 5 години од моментот на евентуално потпишување на Договор за спроведување на овој проект. Иако пред нас е долг процес , ние мора да започнеме токму сега за навреме да стигнеме со рехабилитацијата на системот.

Ова е голема шанса, би рекол, и генерациска шанска долгорочно да ја обезбедиме заштитата на езерото од отпадни води.Имајќи во предвид дека и на албанска страна веќе е изградена пречистителна станица и колекторски систем (кој сеуште се надградува) тогаш интегралната заштита на езерото од отпадни води е на повидок. Затоа се надевам дека во наредниот период ќе престојат успешни преговори и дека ќе се покаже дека Охридското Езеро и неговата заштита се врвен приоритет на Република Македонија. Конечно , заштитата треба да биде обезбедена и спроведена од највисоко ниво .

Сметам дека со ваков еден чекор максимално би го обезбедиле добриот еколошки статус на езерото за долг период и врз база на тој добар статус на водите да ја градиме политиката на развој на регионот и туризмот како економска гранка. Ми останува вербата дека заштитата на Охридското езеро конечно ќе стигне на врвот на агендата на национално ниво . Нема да одам со епитети што имаме и што би загубиле како природна вредност затоа што тоае веќе јасна приказна. Едноставно мора да работиме за негова заштита,системски, чекор по чекор.

  dejan copy copy

Дејан Пановски, претставник на Министерство за животна средина на РМ 

 

Изнесеното во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

 

 

Посетеност: 199
Share
Previous Post

Во Трпејца презентација на фрескoживописот на црквата „Св. Богородица Захумска“

Next Post

„ЗВИЗДАН“ шампион на 62. Пула филм фестивал

Next Post

„ЗВИЗДАН“ шампион на 62. Пула филм фестивал

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 199

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk