Деновиве познатото филмско списание „ Варајати“објави една мошне интересна вест дека филмот „ Светот Јура “ заработил 1,65 милијарди долари и дека на тој начин станал третиот филм во историјата на кинематографијата кој успеал да ја надмине заработката од една милијарда долари заработени во остатокот од светот.Тоа досега им успеало само уште на три филма „Аватар “ и “Титаник“ и обата во режија на Џејмс Камерон и „ Брзи и бесни 7 “.Освен тоа по премиерата на филмот на 12 јуни во американските кино сали „Светот Јура“стана и првиот филм со најголема заработка за време на првиот викенд заработувајќи фантастични 209 милиони долари со што го сруши рекордот кој го држеше филмот „ Марвеловите одмазници “ со 207 милиони долари заработени во истиот период.Заработката од 1,65 милијарди долари на филмот „Светот Јура “ е дури за 11 пати поголема од неговиот буџет кој изнесувал 150 милиони долари.Овој филм е снимен 14 години подоцна по третото продолжение на „Паркот од времето на Јура“. По ваквиот огромен успех на „ Светот Јура “ е најавено продолжение на оваа франшиза за 2018 година.
И кога веќе говориме за рекордни заработки еве уште неколку информации сврзани со неа.Имено, според зборовите на портпаролот на Американското здружение на сопствениците на кино салите ,Патрик Кокран ,од месец мај до 7 септември оваа година приходите од продадените влезници се проценува дека биле 4,5 милијарди долари. Според Кокран тоа е втората по големина заработка во Северна Америка по рекордните 4,8 милијарди остварени во 2013 година и поголем од заработката остварена во изминатата година од 4,1 милијарди долари.
Од друга страна некои аналитичари очекуваат дека приходите од продадените влезници во кино салите во Северна Америка за првпат би можеле да бидат поголеми од 11 милијарди долари по рекордните 10,9 милијарди остварени во 2013 година.Ваквите прогнози тие ги темелат на фактот дека кон крајот на оваа година во кино салите трба да се најдат двата големи блокбастери „ Војна на ѕвездите 7“ и најновата авантура на тајниот агент Џејмс Бонд „ Спектра“.
И на светско ниво приходите би можеле за првпат да ја надминат бројката од над 40 милијарди долари по остварените 36,7 милијарди во изминатата година и 36,5 милијарди во 2013 година. Вака големиот раст на приходите од влезниците воглавно се објаснува со динамиката на кинескиот филмски пазар каде продажбата на кино влезниците пораснала за цели 64% за осум месеци од оваа година во однос на изминатата.Патрик Кокран рекол дека тоа само покажува дека традицијата за одење во кино се одржала и дека и понатака киното преставува омилена забава за широките народни маси.
Веќе споменавме дека два филма режирани од еден режисер ,Џејмс Камерон, суверено владеат со првите две места на листата на филмови со најголема заработка во САД но и во светот.Познатиот филмски портал Боџ Оффице Мојо е специјализиран за следење на заработките на филмовите во САД но и низ целиот свет. Неговите топ листи и разноразни анализи се мошне корисни за сите оние кои вложуваат во филмската индустрија. Овој портал покрај вообичаените неделни топ листи објавува и годишни прегледи преку кои може да се согледа движењето во филмскиот бизнис . Мошне интересни се и топ листите на најгледаните филмови на сите времиња односно топ листата на филмови кои најмногу заработиле.Освен топ листите со најголема заработка во кино салите во САД и листата со најголема заработка во светски рамки ,мошне интересна е и листата која е составена врз основа на пресметаната инфлација и со денешна цена на чинење на влезниот билет чија просена вредност денес во САД изнесува 8,39 американски долари.
ТОП10 ФИЛМОВИ СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТКА ВО САД
На првото место на оваа листа на филмови со остварена најголема заработка остварена во кино салите во САД веќе цели 6 години се наоѓа научно фантастичниот филм „ Аватар“ на режисерот Џејмс Камерон.Филмот 8 недели се наоѓал на првото место на амриканкиот бокс офис. За време на првиот викенд по неговото премиерно прикажување на 18 декември .2009 година ,заработил 77 милиони долари.Филмот останал непрекинато на репертоарот во кино салите до 12 август 2010 година или вкупно 34 недели односно 238 дена. За тој период заработил вкупно 760,5 милиони долари ,бројка ненадмината до денешни дни.
Веднаш зад него со заработени 658 милиони долари се наоѓа уште еден филм направен од истиот режисер. Се работи за драмата „ Титаник “ кој премиерно во Северна Америка бил прикажан на 19 декември 1997 година.Шампион по заработка бил 13 години се’ до појавата на „Аватар“ во 2009 година.На првото место на американскиот бокс офис останал15 недели . До 1.октомври.1998 година ,односно за 41 недела филмот заработил 600,7 милони долари. Во 2012 година филмот повторно се појавил во кино салите но овојпат во 3Д технологија , кога успеал да заработи уште додатни 57.8 милиони долари.
На третото место моментно се наоѓа научно фантастичниот филм „Светот Јура “ на режисерот Колин Треворов со заработка која изнесува 647,5 милиони долари која од второ пласираниот „Титаник “е помала „само“ за 11 милиони долари . Имајќи во предвид дека филмот овој резултат го направи само за 12 неделно прикажување односно само за 88 дена,тогаш реални се очекувањата тој наскоро да се најде на високата втора позиција и од таму да го истисне „Титаник“ кој таму се наоѓа од 2009 година.Интересен е и податокот дека овој филм на првото место на американскиот бокс офис бил само две недели.
Што се однесува до останатите филмови со најголема заработка во САД да кажеме дека на четвртото место се наоѓа филмот „Марвеловите одмазници“ со заработени 623 милиони долари а понатаму следуваат :„Темниот витез“ со 534 милиони долари, „Војна на Ѕвездите: Епизода И –Фантомска закана“ со заработени 474,5 милиони долари, „Војна на ѕвездите“ со 461 милион долари, „Одмазници 2:Ерата на Ултрон“ со 458 милиони долари,„ Подемот на темниот витез“ со 448 милиони и „ Шрек 2“ со заработени 441 милион долари.
Ако малку подобро се погледне оваа листа на филмови,веднаш паѓа во очи дека дури седум филмови се од продукција по 2000 година кога снимањето на филмови во 3Д техника стана вообичаена пракса која на продуцентите им носи многу поголема заработка од причина што влезниците се поскапи. Меѓу десетте најпрофитабилни филмови се наоѓаат дури 4 кои се снимени според стриповите на Марвел што во некоја рака говори за вкусот на гледачите кои ги полнат кино салите.
ТОП10 ФИЛМОВИ СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТКА ВО СВЕТОТ (БЕЗ САД)
И во светски рамки ,без заработката во САД ,првите две места ги држат двата филма на режисерот Џејмс Камерон, „ Аватар „ со заработени 2 милијарди и 27,5 милиони долари и “ Титаник“ со заработени една милијарда и 528 милиони долари.Далеку зад нив со заработени една милијарда и 160,7 милиони долари се наоѓа филмот „ Брзи и бесни 7“ филм кој преставува седмо продолжение од франшизата „ Брзи и бесни“.На четвртото место се наоѓа новиот член во клубот милијардери „ Светот јура“ со заработката од една милијарда и 3,7 милиони долари.
Следуваат:„Хари Потер: реликвијата на смртта “ втор дел, со заработени 960 милиони долари,„ Одмазници2:Ерата на Ултрон“ со 943,8 милиони долари, „ Марвеловите одмазници“ со 896 милиони долари,компјутерски анимираниот филм „Фрозен 3“ на компанијата Волт Дизни со заработени 873,5 милиони долари, „ Ајрон Мен“3 со 806 ,4 милиони долари и „Трансформерси:Темната страна на месечината“ со заработени 771,4 милиони долари.
Меѓу десетте филмови на оваа листа само “ Титаник“ е направен во изминатиот век. Сите останати филмови се направени во новиот милениум. Основна карактеристика на сите 10 филмови е таа што сите тие се високо буџетни филмови чии трошоци се мерат со стотици милиони долари.Така „најевтините “ меѓу нив се „ Светот Јура“ и
„ Фрозен “ со продукциски буџет од 150 милиони долари а најмногу пари биле вложени во филмот „ Одмазници2:Ерата на Ултрон“ ,дури 250 милиони долари.За филмот „Аватар“ нема точен податок за неговиот буџет но своевремено се шпекулираше со бројки од 300 до 400 милиони долари. Впрочем не попусто режисерот Џејм Камерон го бие глас дека е „Голем трошаџија“.Но мора да се признае дека тој секогаш ги враќа вложените пари во неговите филмови за што говорат и овие две презентирани топ листи.
ТОП10 ФИЛМОВИ СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТКА ВО САД СО ПРЕСМЕТАНА
ИНФЛАЦИЈА
Честопати кога се говори за заработката на поедини филмови многумина се прашуваат колку би изнесувала заработката денес на многу познати епски филмови кои имале своевремено огромен успех во кино салите во САД. Интернет порталот Боџ Оффице Мојо има и една таква листа во која рангирањето на филмовите е направено врз основа на пресметаната инфлација меѓу годината кога е произведен филмот и оваа 2015 година односно меѓу разликата на влезниот билет ,тогаш и денес. Топ листата е мошне интересна и вреди да се погледне од причина што на пример заработката на денешниот шампион „ Аватар“ од 815 милиони долари е двојно помала од онаа што ја има филмот од оваа листа со пресметаната инфлација.
На првото место на оваа топ листа се наоѓа култниот филм „ Однесено од виорот“ од 1939 година, со Вивиен Ли и Клерк Гејбл во главните улоги. Филмот тогаш остварил заработка од 198,6 милиони долари кога влезниот билет чинел 0,23 долари.Со пресметаната инфлација односно со денешната цена на влезниот билет од 8,39 долари неговата заработка би изнесувала една милијарда и 696 милиони долари.
Во 1977 година просечната цена на влезниците изнесувала 2,23 долари . А токму во таа година филмот „ Војна на ѕвездите“ заработил 461 милион долари кои денес би вределе една милијарда и 495 милиони долари.Со ваквата заработка филмот на Џорџ Лукас се наоѓа на второто место на оваа листа.Следуваат „ Моите песни моите сништа„ од 1965 година со тогашна заработка од 158,6 милиони долари или една милијарда и 195 милиони долари денес , и така натака.Интересно е дека меѓу првите 10 на оваа листа дури осум од нив денес би имале заработка поголема од една милијарда долари.Меѓу нив се наоѓаат филмовите „И Ти“ и „ Ајкула “ На Стивен Спилберг, „ 10 Божји заповеди“, „Доктор Живаго“ но и „Титаник“.Листата од десетте филмови ја заклучува цртаната класика на Волт Дизни од 1937 година „ Снежана и седумте џуџиња “чија заработка денеска би изнесувала 914 милони долари.Интересно е дека меѓу првите 10 на оваа листа се наоѓаат исклучиво филмови кои се создадени до 1999 година.
Сите овие бројки од кои боли глава , всушност се главниот двигател во филмскиот бизнис ,впрочем како и во секој друг бизнис во кој се добива и губи. Што би рекле обичните но и останатите смртници „ Ах, тие пари…“
Ѓоко Симјаноски/Публицитет.мк