Денеска во општина Пустец, во водите на Преспанското Езеро се инагурираше туристичко бродче кое функсионира на соларна енергија и кое ќе служи за промоција на туристичките вредности на општина Пустец.

На инагурацијата освен градоначалникот Едмонт Темелко и жители на општината, присуствуваше и префектот на Корча, Ардит Кономи.
Соларното бродче е заеднички проект на општина Пустец и општина Преспа од Грција од ИПА фондовите на Европска Унија за погранична соработка.

Публицитет.мк






