
Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков вети проекти за нова и светла иднина во населбите Воска, Далјан, 15 Корпус и Железничка.
За жителите во населбите Воска и Далјан:Реконструкција на ПОУ„Св. Климент Охридски” и партерно уредување.Изградба и реконструкција на современо детско игралиште.Реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан.Партерно уредување на зелениот простор кај стадионот Грашница.Партерно уредување на речното корито на река Грашница.Во населба 15 Корпус: Асфалтирање на краци на улиците „15ти Корпус“, „Ирина Мирка Гинова“, „Александар Турунџев“, „Кленоец“ и „Веле Марков“. Поставување на забавувачи на брзина на ул. „Кленоец“. Партерно уредување на коритото на река Сушица, вети Пецаков.
За населба Железничка тој најави Изградба и реконструкција на современо детско игралиште. Изградба и реконструкција на атмосферска канализација на улиците „Будва“ и „Прилепска“.Промена на водоводна мрежа на улиците „Винковачка“ и „Крали Марко“.Асфалтирање и реконструкција на улиците „Будва“, „Прилепска“ и „Винковачка“.
Публицитет.мк







