Во Охрид победи разумот, победи народот. Со огромно задоволство, но и одговорност пред сите вас ја прифаќаме големата победа изразена со околу 2000 гласа разлика во првиот круг. Цел живот создаваш за да добиеш поддршка. Изминаа 4 години, чесни со крената глава и достоинствено, ја побаравме поддршката на охриѓани и ја добивме, изјави денеска на прес-конференција, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
-Народот е свесен дека на Охрид и Македонија им се потребни промени. Ова е победа на сите што заслужуваат заедничка иднина. Почитувани охриѓани, избравте вашиот глас искажан на мирните, достоинствени, фер и демократски локални избори мора да се почитува и понатаму. И на тие што гласаа и на оние што не гласаа. Охриѓани јасно докажаа дека се против криминал, корупција и апатија и сакаат промени и нова светла иднина, рече Пецаков.
Тој им се заблагодари на охриѓани, за како што рече, укажаната доверба.
Благодарам мои охриѓани, и никогаш нема да ве изневерам. Да бидеме силата на промените. Да се обединиме. Да покажаме заедништво и слога. Уште еден чекор нѐ дели од она за кое сите се трудиме, за подобар Охрид, за Охрид на охриѓани. Заедно, сплотени, единствени во победата продолжуваме, рече Пецаков.
Публицитет.мк