Мaтеријалот за песните појќе го ц’рпефме од Садила.
Јас слушајќи го Садила ко дете се вљубив во него и, просто, тој свирит јас го голтам, ’ и голтам песмите. Татко ми, рекоф имаше триесет и седум песми во та Охридско-преспанска лира. И после јас со еден магнетофон одеф по стари охриѓани, оту нас ни беше проблем не само мелодијата, него и зборојте на песмите. И одеф, пример, комшија ми беше Викторија Поп Стефанија, та беше извор на песми и ќе ги слушав, дали Викторија или рибарите или некој други стари жени шо живееја во Охрид, или мажи шо беа, шо пееја убаво и знаеја и ја ќе одеф кај ними, ќе ги снимеф на магнетофон и после ги обработвефме песните. Кај нас старите песми охридски се едно дејствие, се десило нешто, некоја работа и на основу то дејствие шо се десило настанала песма.. А за Фросина, за Фросина сум биден дури Јанина
Пошчо Фросина беше од Јанина, постојт една ваква легенда: Фросина била мома убава, мажена за некој богаташ од Јанина. Меѓутоа, таму бил Али-паша Јанински. Син му се заљубвит во Фросина и је присиљвит, Турците беа на власт, тије командуваа, тие праеја и под присилба е присиљвет Фросина да одит со син му на Али-паша Јанински. Тој толку се заљубил во нејзе, шо го земат прстенот од мајка му, венчалниот прстен од мајка му, и е го дават како поклон на Фросина. М’ж је од Фросина, фамилијава, сакет да му кажет на бегов да го сопрет, да го заприт синов да не ојт ваму, таму, тој не вервал. Меѓуто, му го дале прстенот од жена му и тој кога го видел прстенот од жена му, наредил Фросина да е удает во Јанина, оту таму имат езеро исто как’ шо имат и овдека. Кога разбрала Фросина, е казале, кога разбрала оту сакает да е удает, Фросина избегала во Охрид и зато е настаната онаа песна „Фросино моме убаво, /скри си го белото лице…“ и такви некој работи. Фросина доваѓат во Охрид и е мажена за еден охриѓанец. Така е настанала та песна „Фросина…“
(К. Поп Стефанија, 1935)
Од книгата „Така се зборува во Охрид“ приредиле Лилјана Гушевска и Лилјана Минова-Ѓуркова, Скопје 1999.