Петар Бавчанџиев е од Охрид и последниве години живее на релацијата Македонија – Шведска и обратно.
За оваа недела ја одбравме неговата фотографија од албумот Национален парк „Галичица“ . Петар преку неа сака да потсети уште еднаш на убавината на оваа планина и на заложбите за зачувување на природата.
Фотографијата е сосема нова – од 2 октомври.
Освен што го љуби фотографирањето Бавчанџиев е страстен планинар и алпинист, воедно и борец за здрава и чиста животна средина.
Публицитет.мк