Првата фотографија за оваа 2016 во рубриката ФОТО НА НЕДЕЛАТА направена во Охрид ни доаѓа од Шведска.
Нашиот Петар Бавчанџиев неколку години живее и работи во градот Лунд и работи како социјален работник ( педагог) .
Во една пригода при доаѓањето во родниот Охрид ми рече дека работата целосно го исполнува и му отовра нови видици и перспективи за вклучување во шведското општество.
И пред да замине во Шведска Петар го паметиме како еден од најактивните членови на Планинарското друштво во Охрид, како поборник за чиста и здрава околина, нешто на што и денес најчесто реагира на социјалните мрежи.
Ни напиша дека негово хоби и натаму му се алпинизмот и фотографирањето. Петар е долгогодишен член на Шведскиот Црвен крст и Качувачкиот клуб СКАНЕ од Лунд.
Фотографијата „Појадок во Аквариус“ всушност е еден заробен момент од средбата меѓу него и неговиот другар, познатиот филмски режисер Илија Пиперковски оваа есен.
Публицитет.мк