Оваа недела се одлучивме да ви го претставиме познатиот уметнички фотограф од Охрид Петар Боев, кој зад себе има и самостојни изложби, проекти. Тој е член на Фото клубот „Охрид“ а од неговата ФБ страница ја позајмивме фотографијата „Ангелот од Света Софија“ .
Се надеваме дека Ви се допаѓа и дека ќе уживате во заробениот миг, умешноста на фотографот и уште повеќе во умешноста на создавачот на со векови стариот фрескоживопис. Ангелот од Св.Софија е опеан и во стиховите на поетот Блаже Конески.