
И после шестото коло кај фудбалерите на Охрид се по старо – шесто коло, петти пораз во низа.
Кога се чинеше дека најпосле ќе ја прекинат низата на порази и кога уште во 15 минута охриѓани поведоа со голот на Атдхе Мазари и кога водеа се до 81 минута следуваа два гола на гостинската екипа со што охриѓани повторно овој пат по петти пат во низа претрпеа пораз и повторно останаа со празни раце.
Што се случува со екипата која претендираше за висок пласман не сме во можност да дадеме одговор но одговор на ова прашање најбрзо ќе треба некој да даде за да не биде предоцна. Верните навивачи на овој клуб чекаат одговор бидејќи постои опасност новата трибина подолго време да остане празна.
РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО
СИЛЕКС – ВЕЛЕШТА 6-0
БЕСА – ВОСКА СПОРТ 0-1
КАДИНО – ВАРДАР 0-3
ОХРИД – КОРАБИ 1-2
ТЕТЕКС – ГОСТИВАР 2-1
И Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк






