
Денеска во катедралната црква Св. Софија во Охрид по повод големиот јубилеј 40 години Архиерејска служба и 70 години од раѓањето на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј се одржа Свечена архиерејска литургија.
Во присуство на највисоките црковни лица, јавни личности и бројни верници на свеченоста со одлука на Синодот на МПЦ-ОА на митрополитот Тимотеј за 40-годишната архиерејска служба во МПЦ и несебичниот влог во духовниот живот на Дебарско-кичевската епархија му беше врачено и највисокото црковно одличје „Орден на Свети Климент Охридски од прв ред”.

Епископот Климент во словото по повод јубилејот на Митрополитот Тимотеј истакна дека делата на митрополитот Тимотеј се очевидни, јавни и секуму достапни за проверка, па нека бидат своевидни водилки што ќе доближуваат до неговиот лик.

На настанот присуствуваа и Архиепископот на МОП -ОА господин, господин Стефан, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на општина Охрид, Константин Герогиески.
Градоначалникот Георгиески на својот фејсбук профил напиша: – Упатувам искрени честитки, со надеж дека и во иднина верата во Бога ќе биде наш патоказ, ќе не држи сплотени и ќе не учи на човекољубие и меѓусебна почит.
Публицитет.мк







