Заврши саемот на книгата во Скопје и издавачката куќа ПНВ Публикации е задоволна од посетата на нивниот саемски штанд и од интересот на љубителите на книгата за нивните бројни изданија.
Како што знаете ПНВ Публикации во два наврати наградуваше наши читатели,а тоа ќе го сториме уште еднаш во текот на оваа недела.
Сега останува да ги соопштиме имињата на наградените од втората наградна игра .
Прашањето беше од каде доаѓаат авторите кои ќе имаат специјална промоција на Саемот во Скопје организирана од ПНВ Публикации?
Одговорот е од Бугарија. Тоа се авторите: Поли Муканова и Владимир Левчев.

Со по една книга ПНВ Публикации ги наградува нашите читатели: Весна Антониеска од Струга и Енис Хилми и Марјан Митрески од Охрид.
На добитниците на наградата им честитаме и наскоро книгите нека ги очекуваат на домашна адреса.
Публицитет.мк






