Немаме резервна татковина, Македонија е една, порачаа од Охрид претставниците на Граѓанското движење на Македонија – ГДОМ.

„Секој човек да си ја сака, да си ја љуби и да си ја брани Македонија. Овие настани кои во последно време ни се случуваат во нашата држава, секој Македонец треба да застане на браникот на својата татковина, на одбрана на своето семејство, на иднината на своите деца. Ние не сме тука партиски.

Пораката е прво да се сплотиме сите Македонци, да бидеме едно со една идеја, со една мисла, да си ја сочуваме татковината, оти друга немаме“, истакна Мирко Томовски писател од Охрид.
Пред присутните зборуваше актерот Петар Темелкоски кој е поддржувач на ГДОМ. Тој изведе делови од своите монодрами во кои доминира Македонија:
– Никој немаше дрскост пред налетот на нашите фаланги, да го омаловажува македонскиот народ а денеска секој имбецил од Европа си зема за право да не навредува, да не понижува. Да зборува дека сме вештачка творба дека сме измислена нација, рече Темелкоски.
Протестот се одржа пред општинската зграда.
Публицитет.мк






