ЗП Охрид и Дебрца и oсновното училиште ,,Христо Узунов“, синоќа ja одржаa петата меѓугенерациска средба на пензионерите од Месниот огранок Горна Влашка Маала и учениците од ова училиште.
По заедничката средба на тема: Како се станува пензионер? беше изведена богата програма во која настапија хорот и ученици од ОУ „Христо Узунов“ под раководство на наставничката по музика Вера Булоска.
за топлиот прием и соработка со настап возвратија членовите на драмско – рецитаторската секција „Развигорче“ и пеачката група „Далги“ при Здружението на пензионерите од Охрид и дебрца.
Претходно , добредојде на присутните им посакаа претседателот на Месниот огранок Милан Малчески, директорот на ОУ ,,Христо Узунов“, м-р Тони Симонооски и претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески. Во име на Локалната самоуправа на присутнитре им се обрати заменик-градоначалникот Ангел Јанев.
Претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески на директорот на ОУ,,Христо Узунов“ м-р Тони Симоноски му врачи пофалницa.
Публицитет.мк