Фиќото 9застава 600, 750, 850) е автомобилот кој се произведуваше во СФРЈ од средината на педесеттите години на 20 век, по лиценца на италијански Фиат.
Во времето на СФРЈ фиќото беше првиот автомобил во повеќето семејства, а до денешен ден остана симбол на моторизацијата за голем број поранешни Југословени.
Се користеше и како службен автомобил на тогашната милиција, голем број други јавни служби, а со години беше и единственото возило за обука на новите возачи.
Со легендарното фиќо се возеа и трки на Националната класа, што е овековечено во истоимениот култен филм со Драган Николиќ.
Со сопирањето на производството на овој автомобил заврши една автомобилска ера во поранешна Југославија.
Како негова замена пристигна југото, но тоа е друга приказна.
Извор mkd.mk